За оваа апликација
Почитувани посетители, пред вас е првиот електронски регистар на директори и членови на управни и надзорни одбори на јавни и државни претпријатија и независни регулаторни тела. Овие организации се формирани од страна на општините, Владата и Собранието на Република Северна Македонија.
Податоците ги вклучуваат и биографиите на именуваните функционери со цел јавноста да добие увид во стручната подготвеност и соодветноста на членовите на раководните структури за дејностите кои ги извршуваат организациите кои тие ги управуваат. Регистарот на податоци за членовите на раководните органи на овие организации е изработен во рамки на проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.
Проектот ќе го анализира перформансот на јавните претпријатија, претпријатијата во државна сопственост и независните државни тела во однос на адекватноста на нивното управување и управувачки процедури, и ќе изврши проценка на тоа дали постојат процедури кои раководителите на овие институции ги прават отпорни на клиентелизам и корупција.
Во левото мени има копчиња за брз пристап до трите обработени бази на податоци, од каде што можете да одбирате податоци што сакате да ги добиете во визуелен приказ.
Поопширно упатство за користиење се наоѓа во делот „Помош“.
Избор на променлива
Филтер за податоците
Избор на променлива
Филтер за податоците
Како да го користите истражувачот на податоци
Електронскиот регистар на директори и членови на управни и надзорни одбори на јавни и државни претпријатија и независни регулаторни тела можете да го користите на повеќе начини, во зависност од тоа какви информации барате и во каков формат сакате да располагате со нив.
Поединечни графици со повеќе променливи
Двата податочни сетови кои се достапни на електронскиот регистар може да се истражуваат поединечно преку соодветните секции што се однесуваат на нив со кликнување на менито од левата страна на оваа веб страница. Штом ќе кликнете на некој елемент од менито (на пр. „Менаџери и членови на управни одбори“) пред Вас ќе се отвори апликација за прикажување на график кој може дополнително да се прилагодува.
Во подменито „Избор на променлива“ можете да одберете која од достапните податоци сакате да ги визуелизирате. Преддефинираниот график прикажува број на лица вработени на менаџерските позиции или во одбори по типови на организации поделени по две групи: агенции и комисии и претрпијатија.
Во подменито „Филтер за податоците“ пак можете да одберете кои групи на податоци ќе бидат визуелизирани. Така ако за филтер ја одберете променливата пол и потоа одберете женски, графикот ќе ги прикаже само податоците за женските лица кои работат во двата типа организации поделени по функции.
Во подменито „Боење според променлива“ можете да одберете втора променлива која ќе послужи за дополнителна поделба на категории на веќе избраната промелнива. На пример, доколку во ова подмени изберете „Функција“ ќе добиете график што прикажува колку лица во секоја од овие две типови на организации се вработени на различните фукнции како што се директор, член на управен одбор, член на надзорен одбор итн.
За да го видите графикот, после изборот на било која променлива или филтер, треба да кликнете на копчето „Прикажи“ што се наоѓа во горниот десен агол на графикот.
Доколку сте задоволни од резултатот, тој можете да го преземете како PDF датотека за понатамошна употреба со кликање на копчето преземи.
Извештај од повеќе графици во PDF формат
Доколу сакате да составите извештај од повеќе графици, откако ќе го добиете графикот што го сакате треба да кликнете на „Додај во извештај“. Ова привремено ќе го зачува овој график, (ќе забележите дека индикаторот ќе се зголеми за 1), се додека не завршите со правењето на другите посакувани графици, кои потоа сите заедно може да ги преземете како една PDF датотека преку копчето „Провери и преземи“. Копчето „Од почеток“ пак Ви овозможува да ги исчистите привремено сниметени графици и да почнете од почеток.
Напомена: индикаторот за снимени графици укажува на тоа дека оптималниот распоред на графици во еден извештај е 3. Ова значи дека најдобар изглед можете да добиете со три графици. Се разбира можете да додавате повеќе графици, но можеби да наидете на проблеми со пропорциите.